Search

(Видео) Дукоски: Еве ја дијагнозата на Боки-канцер на желудник

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по денешното рочиште пред новинарите ја покажа дијагнозата на неговиот клиент, која е издадена пред два дена од ГОБ-„8 Септември“ и која потврдува дека тој има рак на желудникот.

– Утврден е карцином на желудникот. Ова докажува во каква состојба се наоѓа Боки. Тој постојано повраќа крв и не може да го следи судењето, вели Дуковски.

 

Адвокатот додаде дека ќе побара мерка ефективен притвор.

– Ова е тортура врз Јовановски и ние тоа нема да го дозволиме во иднина, посочи Дуковски.

Треба да знаете
Последни објави