Search

(Видео) Драма во Скопје: Пожарникари спасиле човек кој се онесвестил на дрво, мислеле дека е починат

Скопските пожарникари спасиле човек заглавен на дрво, за кого мислеле дека е починат, дознава 24 Инфо.

Како што дознаваме, откако се качил на дрвото, на човекот му се слошило и паднал во бессознание. Тогаш настанала драма. Неговите блиски се загрижиле што се случува, па кога дошле до дрвото го виделе како лежи на дрвото. Бидејќи не одговарал на повиците, тие се исплашиле и повикале полиција и пожарникари бидејќи не можеле да го симнат.

Пожарникарите дошле и се качиле на дрвото. Тие утврдиле дека човекот дава знаци на живот и го симнале од дрвото. Тој веднаш бил прифатен од екипата на Итна помош и бил префрлен во болница.

 

Треба да знаете
Последни објави