Search

(Видео) Дончиќ си поигра со Феникс и го одведе Далас во финалето на Западот

Словенечкиот кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ прикажа уште една блескава партија во најсилната конкуренција – НБА и го одведе својот тим Далас во конференциското финале на Западот, каде ги очекува пресметка со Голден стејт. Дончиќ го заврши мечот со 35 поени во убедлива победа против Феникс од 123:90. За Далас ова е прво финале на Западот од 2011 година.

Далас  и покрај негативата од 0:2  и 2:3 во полуфиналната серија кој прв до четири победи собра сили да го декласира Феникс. Во мајсторката Феникс немаше решение за Дончиќ и неговите соиграчи. Во решавачкиот натпреавр Далас на полувремето водеше со 30, а по три четвртини и со 42 поени предност. Дончиќ во првото полувреме постигна 27 поени, а толку имаше целиот тим на Феникс во тој период, Далас водеше со 57:27. Покрај Дончиќ се истакна Спенсер Динвиди со 30 поени. Во редовите на поразениот Феник немаше светла точка. Девин Букер заврши со 11 поени со катастрофален шут – три од 11, Крис Пол постигна 10 поени, а Деандре Ејтон застана на пет поени.

Треба да знаете
Последни објави