Search

(Видео) Дончиќ се „пцуеше“ со навивач на Голден стејт

Голден стејт поведе со 2-0  во победи против Далас во финалната серија од западната конфернција во кошаркарската НБА-лига, со триумф од 126-117. Серијата кој прв до четири победи се сели во Далас каде се играат следните два натпревари.

Караницата меѓу Лука Дончиќ и навивач на Голден Стејт за време на вториот меч од финалната серија изби во преден план. Далас имаше 19 поени предност во првата четвртина, по што разликата почна да се топи, па не помогнаа ниту 42 поени кои ги постигна Дончиќ на крајот да го избегнат поразот.

Навивач на Голден Стејт викаше по Дончиќ и бараше да замолчи, додека Словенецот не му остана должен. Малку недостасуваше Дончиќ и домашниот навивач да се пресметаат. Дончиќ со пцовки ги „почести“ и неговите соиграчи за време на еден тајм-аут, затоа што беше лут дека испуштиле голема предност во мечот.

 

Треба да знаете
Последни објави