Search

(Видео) Дончиќ не ја прекина победничката серија на Голден стејт

Кошаркарите на Голден стејт се наоѓаат на чекор од пласман во големото финале на НБА-лигата. Вориорс во третиот натпревар од финалето на Западната конференција победија на гостувањето кај Далас со резултат 109:100.

Ова беше трета победа за Голден стејт во серијата кој прв до четири.

Воедно, Вориорс ја продолжија својата рекордна серија на извојување барем една гостинска победа во 26 последователни плејоф серии. Ова е најдобриот резултат во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

Стеф Кари со 31 поен и Ендрју Вигинс со 27 поени беа најпрецизни во редовите на Голден стејт. На спротивната страна добрата и ефикасна партија на словенечкиот интеранциооналец Лука Дончиќ  кој мечот го заврши со 40 постигнати поени не беа доволни да се прекине победничката низа на Голден стејт.

Четвртиот натпревар во финалето од Западната конференција исто така ќе се игра во Далас во ноќта помеѓу вторник и среда.

 

Треба да знаете
Последни објави