Search

(Видео) Дончиќ дели лекции во НБА и ги тера судиите у п….м….

Дебитантот во НБА, Словенецот Лука Дончиќ продолжува со одлични игри во дресот на „Далас“, кој триумфираше над „Портланд“ 111:102, за 12 победа сезонава. Тимот од Тексас има и десет порази исто колку и „Портланд“, но „Блејзерси“ имаат една победа повеќе.

„Далас“ уште од почетокот на мечот дојде до уверливо водство, кое не го испушти до крајот. Словенецот постигна 21 поен, со девет скока и три асистенции плус една сочна пцовка на „српски“. Кај гостите Демиан Лилард беше надобар со 33 коша и по осум скока и асистенции.

Во дербито на Флорида, „Орландо“ слевеше на госувањето кај „Мајами“ со 90:105, а исто така во локалното дерби „Индијана Пејсерс“ со 96:90 беше подобра од „Чикаго Булс“.

Во останатите натпревари кошаркарите на „Јута Џез“ славеа со 139:105 против „Сан Антонио“, а „Сакременто Кингс“ ја продолжи негативната серија на „Феникс Санс“ со победата од 105:122, што е дваести пораз за „сонцата“.

Треба да знаете
Последни објави