Search

(Видео) Дончиќ ги збудали Италијанците, уште ја бараат топката

Репрезентацијата на Словенија со убедливи 90-71 ја победи Италија во пријателски натпревар одигран во Трст, а Лука Дончиќ имаше една брилијантна асистенција која привлече внимание.

Словенецот ја предводеше својата селекција до триумф од 90-71 со 12 поени, седум скокови и пет асистенции. Ѕвездата на Далас ќе игра за својата репрезентација во квалификациите за Светското првенство. Веднаш зад Дончиќ беше еште едн НБА ѕвеза, ветеранот Горан Драгиќ со 11 поени.

Во четврток „змајчеки“ ја пречекуваат Хрватска во Љубљана во еден од клучните натпревари. Во оваа група водечка е Финска со скор од 3-1, Словенија и Шведска имаат 2-2, додека Хрватска е последна со 1-3.

Погледнете ја асистенцијата на Дончиќ која ги збуни Италијаните, а Словенецот Чебашек погоди тројка:

https://youtu.be/94VthvrLcos?t=6

Треба да знаете
Последни објави