Search

(Видео) Доаѓа уште една корејска серија, оваа е за зомби

Затоа што сите се луди по корејска продукција, секој нов проект се чека со нетрпение бидејќи секогаш постои шанса да се претвори во (не)очекуван хит.

Тоа би можело да биде случај со All of Us Are Dead („Сите сме мртви“), корејска серија која пристигнува на „Нетфликс“ на 28 јануари, а дејствието се врти околу група средношколци кои се обидуваат да преживеат откако стотици соученици се претвориле во зомби кога нивното училиште станало епицентар на нова зараза.

Но, за разлика од повеќето херои во вакви филмови, овие деца пораснале со филмови и серии за зомби и барем малку се подготвени за она што следува. Инаку, серијата е базирана на вебтунот „Сега во нашето школо“ на Џон Донг Геун.

Првата сезона ќе има осум епизоди.

Треба да знаете
Последни објави