Search

(Видео) Директорката на МЕПСО: Откорнатиот стиропор оштети неколку службени возила

„Вчерашниот ветер буквално ја соголи административната зграда на МЕПСО, голем дел од фасадата се најде на земја. Притоа, откорнатите парчиња стиропор оштетија неколку службени возила, a откорнети се и околу десетина клима уреди. Налетот на ветрот покажа во само неколку часа колку безбеден може да биде проектот „Скопје 2014“ и за животот на луѓето“, соопшти Генералната директорка на А.Д. МЕПСО, Ева Шуклева.

Шуклева изјави дека има делови кои и без ветрот, во секој момент може да се урнат.

Ева Шуклева, генерална директорка на А.Д. МЕПСО

Таа нагласи и дека нивните екипи прават увид на штетите кои евентуално насатанле на покривот од зградата.

Според Шуклева, целиот простор е обезбеден, а полицијата направи записник, од безбедоносни причини е ограничен и просторот за движење.

Стручните лица вршат проценка за настаната штета.

Генералната директорка истакна дека барокната фасада е нова состојба за сегашното раководство во чие поставување нема никаква улога.

„Донесена е одлука за внатрешна ревизија што треба да утврди фактичка состојба во врска со превземените обврски на изведувачот и согласно склучениот договор од 2013 година“, додаде директорката.

Од нејзиното доаѓање на функцијата ја започнале процедурата на целосна ревизија, реконструкција и адаптација на управната зграда на А.Д. МЕПСО

Треба да знаете
Последни објави