Search

(Видео) Детонација на бомба од Втората светска војна во Франкфурт исфрли млаз вода висок 30 метри

Детонацијата на бомба од Втората светска војна во Фрнакфурт во неделата наутро резултираше со млаз вода висок 30 метри во реката Мајна, пренесува „Локал“.

Околу 600 лица беа евакуирани од делови од градот во близина на местото каде што беше пронајдена бомбата пред да пристигнат експертите за деминирање околу 8 часот изутрината. По експлозијата биле испратени нуркачи за да проверат дали уредот е безбеден.

„Беше потврдено дека бомбата веќе не претставува опасност”, изјави портпаролот на полицијата во неделата.

Според ДПА, бомбата од американско производстви тешка 250 килограми била откриена минатиот вторник за време обука на нуркачите од градската служба за спасување и пожари.

Во текот на детонацијата бил прекинат сообраќајот на улиците и во реката, црковните служби во близина на местото исто така биле откажани, а некои музеи останале затворени. За да се подготват за експлозијата, била побарана помош од специјална група нуркачи од деминерската служба за отстранување бомби во Рајнската област-Пфалц.

Пред да експлодира бомбата, нуркачите го преместиле уредот подлабоко во Мајна, до длабочина од околу 6 метри. Серија помали експлозивни направи биле активирани пред бомбата за да се избркаат рибите и други речни животни. Некои набљудувачи ја следеле експлозијата од соседните мостови во Франкфурт.

Низ цела Германија често се наоѓаат бомби од Втората светска војна, што резултира со евакуации во градовите за време на нивната детонација. На крајот на март 10.000 луѓе беа евакуирани во Росток по откривањето бомба од Втората светска војна.

Во февруари, повеќе од 4.000 жители во Есен биле евакуирани кога била пронајдена американска бомба за време на градежните работи. Само неколку недели подоцна, 250 кг тешка бомба била пронајдена во центарот на Нирнберг за време на градежните работи, што доведе до евакуација на 8.000 жители.

Најголемата повоена евакуација се случи во септември 2017 година по откривањето бомба со тежина од неколку тони во близина на универзитетскиот кампус во Франкфурт. Повеќе од 60.000 луѓе беа евакуирани.

Треба да знаете
Последни објави