Search

(Видео) Дескоска: Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал

Министерката за правда, Рената Дескоска, порача дека Министерството посветува големо внимание на создавање на правната рамка за борба против организираниот криминал, како и на зајакнување на капацитетите и зголемување на ефикасноста на меѓународната соработка. Таа го изјави ова на конференцијата посветена на Заедничката соработка и правната помош во борбата против транснационалниот криминал, која се одржа денеска во организација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во соработка со ИПА-проектот „Борба против сериозен криминал во Западен Балкан“.

Како пример, Дескоска го спомена именувањето на првиот обвинител за врска со „Европравда“ од Република Северна Македонија, со што значајно ќе се олесни и подобри соработката на правосудните органи на Република Северна Македонија со земјите од Европската Унија, во областа на прекуграничниот криминал.

Дескоска истакна дека со новиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, ќе се отстранат недостатоците кои беа воочени од страна на практичарите во примената на досегашниот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја.

Она што е значајно е дека со новиот закон за првпат законски се регулираат институционалните облици на меѓународна соработка, односно соработката со „Европравда“ (EUROJUST), Европската правосудна мрежа во кривичната материја (European Judicial Network in Criminal Matters- EJN), како и соработката со органите за финансиски истраги и конфискација на Европската Унија. Со тоа Република Северна Македонија продолжува со усогласување на домашното законодавство со европското во сферата на меѓународната соработка во кривичната материја.

Треба да знаете
Последни објави