Search

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека околу десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави дека ќе се избира најдоброто можно решение.

,,Мислам дека повеќе од десеттина имиња се истражуваат – Македонци, Албанци, Турци, Срби, повеќе имиња истражуваме, за да видиме како размислуваат граѓаните, правиме кростабулации со можни кандидати од противничката страна и слично, за да видиме како тоа ќе изгледа. Веројатно, тоа е чекор, по чекор, за да се обидеме со силата на аргументите, со ставот на граѓаните, да се обидеме, прво во коалицијата пред се и пошироко во консултации со граѓански организации и други, за да најдеме стварно личност која што од сите оние понуди, за секој што се нафаќа, отприлика, да го изнајдеме најприфатливото решение. Најприфатливото решение, впрочем би значело максимално консензуално прифатливо решение Консензуален, во Македонија значи, сите да застанеме зад него. Тоа не е возможно. Веројатно, опозиција и власт ќе се поделиме. Но, во секој случај, јас ќе се обидам да разговарам, дури и со одредени опозициони партии, секако доколку имаме сериозни одлуки, зад кои што, прво дома, во мојата партија, па во коалицијата, би прифатиле имиња, за да може да прошириме и опфатот на сите. Верувам дека, ако се оди само на претседателски избори, треба тоа да го направиме малку покомфорно за граѓаните, да не ги закочиме процесите кои што се водат во државата, затоа што претседателските избори се многу важни. Изборот на претседател на државата е многу важна постапка, но пред тоа да дадеме шанса, за развојот и растот на Република Македонија”, изјави Заев.

Тој додава дека дебатата е отворена и централниот одбор веројатно ќе се одржи во петок. ,,Може да донесеме одлука, може само да биде дел од дебатата па за неколку дена и да ги донесеме одлуките, но сигурно ќе отпочнеме со постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Охрид, Ново село и Дебар. Тие се општини каде што ќе се одржат и локални избори заедно со претседателските избори. Тоа сигурно ќе се случи во делот на одлуките но и дебатата ќе биде отворена за донесување на одлука, дали заедно со претседателските, ќе одиме и на предвремени парламентарни избори”, вели Заев и додава: ,,Мислам дека нема партија од поголемите што не прави анализи и рејтинзи во моментот, бидејќи секој сака да победи, секој сака да застане зад вистински кандидат, секој сака да на граѓаните им понуди најдоброто што постои, да и ние правиме истражување во овој момент, по разни основи за да можеме секако да носиме нај паметни одлуки”.

Во однос на можноста за реконструкција на Владата, премиерот вели дека нема донесено некоја одлука. ,,Нели рековме за ова ќе размислуваме кога ќе заврши процесот околу Преспанскиот договор, оваа недела дај боже да заврши, ќе одлучи грчкиот Парламент, кога тоа конечно ќе се случи. Но, секако и тоа е поврзано со сите други одлуки, кои што во моментов се носат. Ако имам било каква одлука, јас веднаш ќе ја соопштам”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави