Search

(Видео) Демонстранти фрлаа со јајца кон Руди Џулијани и кон поддржувачите на Трамп во Њујорк

Демонстрантите против Доналд Трамп фрлаа јајца и упатуваа навреди кон приврзаниците на американскиот претседател,  вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

На видеото се гледа пропаганден караван со знаме – идентификуван на интернет како собир „Евреите за Трамп“- предводен од Џулијани кој е „бомбардиран“ со јајца, а еден демонстрант извикува: „Е***и ѓубриња“.

„Е*и се Руди“, се слуша друг човек како вреска.

„Врати се на Лонг Ајленд е***а кукавицо“, вика друг човек.

Еден демонстрант се гледа како кине знаме „Поддршка за сините“. Друго видео покажува дека полицајците ги спречуваат демонстрантите да го следат карванот за Трамп.

Поддржување на Трамп се судриле со демонстрантите против Трамп на „Тајмс сквер“, каде што двете страни си размениле удари, а врз возилата во карванот била истурена црвена боја.

Караванот од автомобили возел низ делови од Менхетн и Бруклин.

https://twitter.com/NYScanner/status/1320426129405214723

Судирите не завршиле во Мидтаун. Видео објавено на Твитер подоцна во текот на денот покажува демонстрант кој фрла јајца кон караванот седнат покрај автопатот во Проспект Парк.

„Имам еден куп од овие, бејб. Цел ден можам да го правам ова. Серковци, научете каде ви е местото“, се слуша човекот како вика додека вади јајца од картон и ги фрла.

https://twitter.com/NYScanner/status/1320447410720673792

Полициски извори соопштија дека најмалку седум лица биле уапсени за време на немирите, а двајца полицајци биле повредени.

Полицијата соопшти дека еден демонстрант бил уапсен и за прскање бибер спреј кон седумчлено семејство кое било во возило што било дел од караванот.

Треба да знаете
Последни објави