Search

(Видео) Демонстранти се обидуваат да влезат во парламентот на Грузија

Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот во Тбилиси со намера да влезат во зградата на Законодавниот дом, за време на анти-владини протести, објави „Раша тудеј“. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

https://www.facebook.com/RTnews/videos/352705582060238/

Како што пренесува „Раша тудеј“, тензиите ескалирале за време на седница на собранието, кога пратениците од опозицијата биле навредени од присуството на член на руската делегација – Сергеј Гаврилов, кој од говорницата ѝ се обратил на толпата. За време на паузата, тие ја окупирале говорницата и спречиле продолжување на седницата.

Специјални сили ја обезбедуваат зградата за да ги спречат демонстрантите да влезат внатре.

Министерот за внатрешни работи ги повика демонстрантите да се воздржат од незаконски акции, ветувајќи дека ќе ги употреби сите средства со закон за да воспостави ред.

Опозицијата најави дека луѓето ќе останат на улиците се додека претседателот на собранието, Ираки Кобакидзе и неколку високи функционери не си поднесат оставки.

Кобакидзе изјави дека нема намера да се повлече од функцијата.

Треба да знаете
Последни објави