Search

(Видео) Демонстранти го опколија аеродромот во Хонгконг, откажани сите летови

Сите летови на меѓународниот аеродром во Хонгконг се откажани поради неколку илјади антивладини демонстранти кои протестираат на  аеродромот, јавуваат тамошните медиуми.

Управата на аеродромот наредила да се откажат сите летови до крајот на денот, откако демонстрантите влегле во зградата.

Аеродромот „Хонгконг“ кој е еден од најпрометните на светот, дневно има околу 800 летови.

Кинеските власти соопштија дека поради протестите, ќе овозможат повеќе патници да се пренасочуваат на други аеродроми во областа Гејтер Беј, со цел да се овозможи непречен превоз меѓу копното и Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави