Search

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зошто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш, бидејќи две недели претходно таа пријавила кај директорот на училиштето сексуално вознемирување.

Девојката починала пет дена по нападот, а нејзината приказна крена големо внимание во целиот свет на ранливоста на жртвите на сексуално вознемирување во оваа конзервативна земја.

Нусрат, која имала 19 години, студирала во Медреса, односно високо исламска школа. Таа на 27 март го пријавила директорот на училиштето во полиција и рекла дека ја повикал во неговата канцеларија и ја допирал на непримерен начин, дека успеала да побегне пред да дојде до сериозна злоупотреба.

По пријавата не добила никаква заштита, само полицаецот ја снимил нејзината изјава. Подоцна на видеоснимката, која се појавила во медиумите, се гледа како Нусрат видно вознемирена се обидува да го скрие лицето со рацете, додека полицаецот ѝ вели дека обвинението не е голема работа и дека треба да ги тргне рацете од лицето.

Многу девојки во Бангладеш ги кријат искуствата со сексуално вознемирување или злоупотреба од страв дека општеството или нивните семејства ќе ги осудат.

Треба да знаете
Последни објави