Search

(Видео) Двајца Полјаци во последен момент побегнаа од своето возило, пред да го „разнесе“ камион во полна брзина

Секунди фалеа за двајца мажи да ги загубат своите животи на прометен автопат во Полска.

Како што може да се види од снимката објавена на платформата „Јутјуб“, тие на страната на автопатот го запреа своето возило, а за да го сигнализираат тоа ги вклучија трепкачите. Во последен момент, сфатија дека возачот зад нив нема намера да го запре камионот и набрзина побегнаа од возачката кабина.

Само неколку моменти подоцна, камионот буквално го разнесе нивното возило, без кочење, а двајцата среќници во инцидентот минале без повреди.

Еден човек побегна на едната, а вториот на другата страна односно на коловозната лента, а нивното возило беше единствената жртва на ударот, кој сигурно ќе го платеа со своите животи доколку не реагираа навремно.

Треба да знаете
Последни објави