Search

(Видео) Двајца полицајци убиени, повеќе домови запалени во престрелка во Хонолулу

Двајца полицајци се убиени во областа Дијамонд хед во Хонолулу, на Хаваите, а осомничениот е во бегство. Во соседството избувна и голем пожар, пренесува РТ.

Полицијата одговорила на пријава за напад кога се соочила со човек што поседувал огнено оружје. Осомничениот потоа отворил оган и ги застрелал двајцата полицајци.

Куќата во која бил осомничениот подоцна била запалена, по што пожарот се раширил на голем број соседни куќи. На пожарникарите првично им било кажано да стојат настрана од местото на настанот сè додека офицерите не им дозволат да продолжат, соопштија локалните медиуми.

Полицијата апелира јавноста да ја избегнува областа, а некои патишта се затворени додека трае истрагата.

Тенискиот турнир кај паркот Капиолани бил откажан поради пукањето иако полицијата соопшти дека не веруваат оти стрелецот влегол во паркот. Тие ја затвориле областа како мерка на претпазливост.

„Ова е невидена трагедија не само за градот и округот Хонолулу, туку и за целата држава Хаваи“, изјави градоначалникот на Хонолулу, Кирк Колдвел, во врска со престрелката.

Постојат непотврдени извештаи од локалните медиуми дека осомничениот бил избркан од неговиот дом во неделата наутро и го прободел сопственикот, а токму тоа нападот на кој реагирала полицијата. Повеќе извештаи велат и дека осомничениот, за кој се вели дека е маж на возраст од седумдесетина години, е мртов.

Треба да знаете
Последни објави