Search

(Видео) Дваесет и едногодишна девојка боледува од алергија на студ

Алергија на студ е ретка автоимуна болест и носи многу проблеми. Една Канаѓанка страда од неа, и покрај тоа што мора да се облекува двојно повеќе од другите луѓе во зима, сега поради ова заболување 1 се заканува отказ.

Аријана Кент, 21, од Канада страда од автоимуна болест предизвикана од студ.

Ова значи дека секој контакт со ладен ветар или ладна вода може да доведе до хоспитализација.

Оваа алергија предизвикува исип по целото тело и ако не се третира со време, може да добие анафилактичен шок.
Поради оваа болест, таа секогаш мора да има инјекција со епинефрин, за да не дојде до затворање на грлото и задушување.

Оваа состојба влијаела врз Аријана така што таа завршила во болница трипати за еден месец.

И покрај сериозноста на здравјето на овaa Kанаѓанка, многу луѓе не веруваат дека навистина страда од невообичаена болест.

Девојката ги доживеала симптомите на оваа алергија за првпат кога имала 14 години и живеела на место каде што температурата можела да падне на 40 степени под нулата.

Аријана се обидува да се заштити од студот така што се облекува многу потопло од другите луѓе.

Поради тоа таа дури имаше проблем со работодавците кои мислеа дека изгледа непрофесионално додека во ресторанот работи во џемпер.

Треба да знаете
Последни објави