Search

(Видео) Дачиќ ја пее Каљинка, а Путин ракоплеска на свечениот ручек во Белград

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на рускиот претседател, Владимир Путин.

На видеото се гледа како српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ја пее руската песна „Каљинка“, додека претседателите на Русија и Србија, но и многумина од присутните, ракоплескаат во ритамот на музиката.

Дачиќ, исто така, за време на ручекот ја отпеал и руската песна „Рјабинушка“.

Рускиот претседател во четвртокот беше во официјална посета на Белград, при што двете страни потпишаа повеќе од дваесет договори.

Треба да знаете
Последни објави