Search

(Видео) Дадилката која претепа дете во игротека доби 30-дневен притвор

Дадилка која во игротеката „Дежа ву“ во скопски Аеродром утрово брутално претепала дете на околу две годишна возраст, а беше снимена од безбедносните камери е идентификувана и приведена, а надлежен јавен обвинител и одредил 30 дневен притвор.

Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња, а на видео снимката, објавена на фан страницата на „Дежа ву“ на „Фејсбук“, се гледа како во еден момент жената со влечење седнува едно од дечињата во скут, брутално му ја затвара устата со рака за да не плаче, па го врти и му удира шлаканици, по што грубо го седнува спроти неа.

https://youtu.be/0_8W2Kxmffk?t=8

 

Тука видеото се прекинува, па нејасно е дали ваквиот однос продолжува. ПР менаџерот на кафулето Зоран Василевски за Алфа вели дека на останатиот дел од снимката од безбедносните камери се гледа како истата жена го удира детето и од столиците и од подот. Тие засега не се јавно достапни, но од игротеката ги доставиле во полицијата откако го пријавиле инцидентот.

 

.

 

 

Треба да знаете
Последни објави