Search

(Видео) Гулаб што не може да лета и кученце што не може да оди станаа најдобри пријатели

Запознајте ги Херман и Лунди, најдобрите пријатели кои нашле спас во засолниште за животни.
Херман е гулаб кој пред нешто повеќе од една година претрпел невролошки оштетувања па не може да лета. Малиот Лунди е штотуку  родено кученце чивава, но не може да ги користи задните нозе.

Но кога ќе ги ставите заедно тие ќе се стиснат како да се од исто легло или гнездо. Тие се запознаа благодарение на организацијата за спасување на животни од Рочестер, Њујорк, чиј основач е Сју Роџерс. Таа наоѓа нови домови за животни, од кои повеќето имаат некои повреди, но некои чува во засолништето за да заедно ги учат толеранција и пријателство училишните деца.

Херман беше пронајден пред нешто повеќе од една година на паркинг каде седел потполно мирен со денови. На крајот, неговите спасувачи сфатија дека птицата не може да лета.

Бидејќи рехабилитацијата не беше можна, некои посочија еутаназија, но тогаш Сју се појави и го одведоа во неговото засолниште. Херман деновите ги поминува претежно во одмор, но Сју редовно го одведува надвор на вежбање. Малиот Лунди, бебе чивава штотуку пристигна во засолништето. Неговите одгледувачи не го сакаа затоа што не можеше да ги користи задните нозе, па го испратија во засолништето на Сју.

https://www.facebook.com/LoveForMiaCleftPalateChihuahua/videos/623212681812204/?t=2

Кога дојде, тежел само 170 грама и лесно може да се вклопи во секој џеб. Сју Роџерс вели дека кученцето веројатно ќе има оштетување на неговиот мал ‘рбет па не може да оди понатаму. Сју ги стави двете во исто креветче, а тие стиснаа рамо до рамо и така останаа. Херман не клукал, а Лунди не грицкал. Тие веднаш станаа најдобри пријатели.

Треба да знаете
Последни објави