Search

(Видео) Гру и малите мињони ги потсетуваат луѓето да мијат раце и да се забавуваат дома

Гру и популарните жолти мињони од анимираната филмска франшиза Despicable Me („Подлиот јас“) ги повикуваат луѓето да држат растојание едни од други за да помогнат во борбата против ширење на новиот коронавирус во нов видео спот објавен во средата.

Американксото студио „Илуминејшн“ кое стои зад Despicable Me, го направи спотот заедно со Светската здравствена организација и Фондацијата на Обединетите нации.

Гласот е на актерот Стив Карел (Гру), а телевизиската реклама ќе биде преведена на повеќе јазици вклучувајќи шпански, португалски и арапски, меѓу другите.

Во едноминутното видео, Гру ги поттикнува луѓето редовно да ги мијат рацете и да одржуваат физичко растојание, да најдат забавни работи што може да ги прават дома, како на пример танцување и готвење нови јадења, и да бидат добри еден кон друг.

Треба да знаете
Последни објави