Search

(Видео) Груевски доби 18 месеци затвор за „Шамарите во Центар“, Јанакиески условна казна

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор за „Насилството во Центар“. Условна казна затвор добија и останатите обвинети.

Обвинетите во „Насилство во Центар“, се товарат за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

За Јанакиески судот одреди алтернативна условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши ако во рок од 4 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски, добија по девет месеци условна казна затвор која нема да се изврши ако во рок од 3 години од прависилноста не сторат ново кривично дело. Игор Бошковски и Даниел Трифуновски се осудени на условна казна од 6 месеци која нема да се изврпи ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги, за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

Како извршители на дејствата пред Општина Центар на 7 и 10 јули 2013 година, судијата Душко Јосифоски ги прогласи за виновни обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски и Трајче Петковски. Обвинителството се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.

Претходно за случајот вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, додека за седмообвинетиот Димче Крстев се води одвоена постапка. Првото рочиште за предметот се одржа на 12 декември 2016 година. 

 

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави