Search

(Видео) Градоначалникот на Гдањск избоден со нож пред публика на бина

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, синоќа  бил избоден на бина за време на хуманитарен настан. Тој се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Обезбедувањето го совладало напаѓачот, а полицијата го уапсила.

Полскиот претседател Андреј Дуда изјави дека лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и дека постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка.

https://youtu.be/fPLOWfFUXMM

27-годишниот маж кој е осомничен за нападот од бината извикал дека невин лежел во затвор додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович кој е градоначалник на Гдањск од 1998 година.

Треба да знаете
Последни објави