Search

(Видео) Грабеж на банка во Косово, убиен разбојникот и полицаец

На социјалните мрежи се појави ново видео од неуспешен грабеж на банка во Исток, Косово во четвртокот во кој загина разбојникот, но и полицаецот кој се обидел да го уапси.

На социјалните мрежи имаше видео од самата банка во која се гледа разбојникот Камер Метај со „калашников“ во рацете, кој зема неколку луѓе од банката како заложници и излегува надвор, каде почнува престрелката.

https://youtu.be/-9LQx-RWrUU?t=4

Но новото видео се гледа како бегаат луѓето низ улица и моментот кога разбојникот излегува од банка со заложниците, но и како доаѓа полицаецот Изет Демај(49) кој пука во Метај, што предизвикува одобрување од очевидците. Сепак, не е прикажан моментот кога се погодени двајцата. Ограбувачот починал на самото место, а полицаецот им подлегнал на повредите во болница.

Убиениот разбојник претходно издржал казна затвор од 17 години во Германија, каде убил две лица.

Треба да знаете
Последни објави