Search

(Видео) „Господине претседателе?“ – Бајден повторно збунет, јавноста загрижена

Откако претседателот на САД на конференција за глад пред сите ја побара Џеки Валорски, конгресменката од Индијана – која загина во сообраќајна несреќа во август, Џо Бајден повторно изгледаше збунето и изгубено. Имено, како што изгледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи, Бајден бил во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) каде зборувал за ураганот кој ечеше низ Флорида и продолжи кон копното, но беше јасно дека нешто не е во ред.

Откако претседателот го заврши својот говор, тој нагло се сврте кон десно и тргна кон толпата, целосно несвесен за повикот на функционерот на ФЕМА „Господине претседателе?!“

Ова не е првпат Бајден (79) да се однесува вака, како што забележаа корисниците на Твитер.

„Ова е трагично. Можеме да зборуваме за политика и дали тој е способен за функцијата, но кога гледаме видеа од вакви сцени, ни ги крши срцата. Јас сум конзервативец, но овие сцени ме растажуваат. Се молам за него“, гласи еден од коментарите.

Треба да знаете
Последни објави