Search

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на Твитер дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон.

И двете страни пријавуваат и напади и жртви.

Претходно беше објавено дека Ерменија уништила азејбејџански текови. Поради ескалацијата на судирите во областа Нагорно-Карабах генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш свика итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Ерменија и спорниот регион Нагорно-Карабах прогласија воена состојба и издадоа повик за општа мобилизација, додека Азербејџан повика на делумна мобилизација. Исто така, Азербејџан ги затвори сите аеродроми и забрани летови, освен оние кон Турција.

Додека целиот свет ги повикува завојуваните страни, Ерменија и Азербејџан, веднаш да ги прекинат конфликтите во регионот Нагорно Карабах, борбите на теренот продолжуваат. Двете страни пријавуваат и напади и жртви.

https://twitter.com/ISCResearch/status/1310868194995908608

Жртвите се бројат на социјалните мрежи, каде што двете страни исто така „војуваат“. Така, Азербејџан тврди дека Ерменија изгубила 550 припадници на армијата во нападите, додека Ерменија тврди дека тоа е лага и дека биле убиени „неколкумина“. Тие додаваат дека Азербејџан изгубил стотици војници.

Вооружените сили на Азербејџан беа насочени кон воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан и најави остар одговор.

Таа изјави дека на операцијата и претходела, како што изјавила, дезинформација на азербејџанското Министерство за одбрана дека, наводно, ерменските вооружени сили од регионот Варденис го гранатирале регионот Дашкасан во Азербејџан“.

„Очекувајте остар одговор“, истакна Степананова.

„Азербејџан не ни остави друга опција освен да започнеме со употреба на системи со„ голем калибар “кои имаат многу поголема разорна моќ“, се вели во соопштението на Ереван.

Од друга страна, Азербејџан тврди дека целосно ја разбил третата моторизирана бригада на ерменската армија. Набргу по објавата на социјалните мрежи, стигна демант.

Треба да знаете
Последни објави