Search

(Видео) Гори колеџ во Одеса – 40 евакуирани, деветмина во болница

Пожар избувна на колеџ во украинскиот град Одеса, каде биле евакуирани 40 лица, а девет завршиле во болница.

Според првичните информации, пожарот зафатил површина од 2.000 квадратни метри, пренесува „Танјуг“.

Евакуацијата продолжува бидејќи постои опасност од ширење на пожарот.

Пожарот избувнал на третиот кат, од вкупно шест ката, на колеџот за економија, право и туризам.

Треба да знаете
Последни објави