Search

(Видео) Голем пожар на Хаваи, евакуирани туристи и население

Огромен пожар изби на хавајскиот остров Мауи поради што евакуирани се илјадници туристи и жители, пренесе Ројтерс.

Пожарот почнал околу 10.30 часот по локално време, а ветрови со брзина до 20 километри на час го прошириле огнот по околните необработени полиња. Пожарникари и два хеликоптери од вчера го гаснат пожарот.

Илјадници луѓе се евакуирани, а во локалните засолништа од нив сместени се 500. Средните училишта во Мауи примиле околу 200 мачки и кучиња преместени од локалното засолниште за животни.

Привремено е затворен аеродромот Кахулуи, а летовите се пренасочени поради чад. Засега нема информации за повредени или за оштетени објекти, но имало повици за изгорени земјоделски машини.

Треба да знаете
Последни објави