Search

(Видео) Голем пожар зафати облакодер во Варшава

Голем пожар зафати синоќа облакодер во изградба, кој се наоѓа во главниот полски град Варшава.

На видеата се гледа како огнот ја зафатил главната конструкција на врвот на облакодерот висок 129 метри. Пожарникарите веднаш стигнале на лице место, а луѓето кои живеат во близина биле евакуирани за да се избегне опасноста да настрадаат при евентуално рушење на делови од зградата.

Во моентот на пожарот, во облакодерот немало луѓе и според првичните извештаи никој не е повреден.

https://youtu.be/R-4pIUDwDRI

Треба да знаете
Последни објави