Search

(Видео) Германски хулигани облечени со англиски дресови направиле хаос пред мечот на Вембли

Англиските медиуми јавуваат дека околу 100 германски хулигани се инфилтрирале меѓу англиската публика околу два часа пред почетокот на натпреварот Англија – Германија (3:3) во рамките од 6. коло во групата од А дивизијата во фудбалската Лига на нации и направиле хаос. Локацијата била популарниот паб „Грин мен“, близу стадионот „Вембли“, во кој доаѓале не само навивачи, туку и семејства, со деца да се дружат и да се напијат нешто пред натпреварите.

Така било и овој пат, со тоа што околу стотина германски навивачи влегле во пабот, но облечени во англиски дресови и обележја. Одеднаш извадиле ножеви и боксерици и почнале крвнички да напаѓаат. Според очевидците и наводите во англиските медиуми, напаѓале и тепале дури и жени и постари лица, без да бираат, а резултатот бил неколку потешко повредени, пренесени во болница.

Украле и знаме и обележја на англиските навивачи, но за среќа сè се случило брзо, дошла полицијата, па Германците се разбегале и немале многу време да вршат терор.

Англија и Германија одиграа одличен меч потоа, кој заврши со 3-3, со сите шест гола во второто полувреме.

Треба да знаете
Последни објави