Search

(Видео) Гваидо пречекан во Венецуела со протести и судири и повици дека е убиец

Хаос избувна на аеродромот во главниот град на Венецуела, Каракас, кога Хуан Гваидо, кој беше прогласен за привремен претседател од опозицијата, се врати од патување во странство, пренесува РТ.

Гваидо во вторникот пристигна на меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ во Каракас откако ја заврши турнејата за поддршка, во текот на која присуствуваше на годишното обраќање до нацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Тензиите први избија кога Гваидо ја минуваше пасошката контрола. Додека разговараше со службеникот за имиграција, Гваидо ненадејно се соочи со лута жена која го обвини за „продажба на земјата“. Жената беше облечена во светла црвена маица, која често ја носат приврзаниците на главниот противник на Гваидо, претседателот Николас Мадуро.

Следеше жестока расправија во која жената го поли Гваидо со вода.

Откако се ослободи од демонстрантот, Гваидо се сретна со својата сопруга Фабијана Розалес, неколку опозициски пратеници и група негови приврзаници.

Во меѓувреме, околу 200 демонстранти се собраа пред аеродромот, извикувајќи „Убиец!“. Ова доведе до тепачка меѓу двете групи кога Гваидо го напушташе аеродромот штитен од неговите приврзаници. Тој успеа безбедно да влезе во автомобилот и да замине додека провладините активисти го клоцаа и го удираа возилото.

Треба да знаете
Последни објави