Search

(Видео) Гасоводот Иран-Турција во прекин по терористички напад?

Висок претставник на иранската државна компанија за гас тврди дека терористите стојат зад експлозијата и силниот пожар на цевководот кој пренесува природен гас од Исламската Република во Турција, пренесува „Ројтерс“.

„Утрово, терористите нападнаа цевковод за природен гас во Турција во близина на границата на Иран со Турција кај Базарган “, вели директорот за логистика воа Националната иранска компанија за гас (НИГЦ), Мехди Џамшиди Дана.

Дана изјави за ИРНА дека борците на Курдската работничка партија (ПКК), герилска група активна во источна Турција, и претходно го напаѓале гасоводот.

Портпаролот на НИГЦ, Мохамед Асгари, во меѓувреме, ја опиша експлозијата како инцидент, без да ја поврзе со тероризам. Според него, во инцидентот загинало најмалку едно лице.

Експлозијата го потресе гасоводот во близина на граничниот премин „Гурбулак“ со Иран во турската источна провинција Агри околу 6 часот по локално време. Турските медиуми објавија дека експлозијата предизвикала огромен пожар што можеле да го видат жителите во локалните села, при што огнот достигнал до 40 метри во висина.

Протокот на гас во гасоводот е прекинат бидејќи турските власти ја утврдуваат причината за експлозијата. Турските медиуми не пријавија жртви на терен.

НИГЦ соопшти дека извозот на гас во Турција ќе продолжи неколку дена по санирањето на гасоводот.

Треба да знаете
Последни објави