Search

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација.

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше отсечен од светот. Со најновата одлука им се дозволува на жителите да го напуштат градот со автомобил. Стотици патници на железничката станица во Вухан чекаа да дојде полноќ за да го напуштат градот со воз.

Отворањето на градот го одбележа светлосна претстава од двете страни на реката Јангце, а на мостовите беа прикажани анимирани фотографии од здравствените работници како им помагаат на пациентите со зборовите „херојски град“, име кое на градот му го додели кинескиот претседател Си Џинпинг.

Долж мостот луѓето мавтаа со знамиња и извикуваа „Одиме Вухан“ и ја пееја кинеската химна.

Вухан од 23 јануари беше изолиран од надворешниот свет поради епидемијата од Ковид-19. Целиот сообраќајот оттогаш потполно беше запрен, но во последните денови линиите се обновуваат.

Враќањето на нормалниот живот во Вухан се смета како сигнал дека Кина е на крајот на кризата предизвикана од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави