Search

(Видео) Вработен во радио во Тајланд застрелал тројца колеги

Три лица, наводно, биле убиени од вооружен напаѓач во радио-станица на јавниот радиодифузер НБТ на Тајланд. Се чини дека пукачот е незадоволен вработен во радиото, пренесува РТ.

Нападот се случил утрово во седиштето на ННТ3, радиостаница што емитува од градот Фитсанулок. Според локалните медиуми, директорот на радио-станицата и двајца инженери биле убиени, а друго лице било повредено и по нападот било однесено во болница.

Напаѓачот е идентификуван како техничар кој работи во станицата, и кој веројатно прибегнал кон насилство по конфликт на работното место. Полицијата го уапсила и запленила два пиштоли што биле во негова сопственост.

Треба да знаете
Последни објави