Search

(Видео) Во Шкотска, воз излета од шините и се запали, повеќе од 30 амбулантни возила на местото на настанот

Во Абердиншир, Шкотска, воз излета од шините.

Според првите извештаи, возот потоа се запалил и на местото на настанот била повикана брза помош, пишува „Еј-би-си њуз“.

„Во моментов реагираме на инцидент на линија во Абердиншир каде што воз излета од шините“, објави британската сообраќајна полиција на „Твитер“.

„Полициските службеници се повикани на местото на настанот во 9:43 часот по полноќ и беа таму заедно со пожарникарите и медицинскиот персонал“, додаде полицијата.

Засега нема официјални информации за повредените, а медиумите јавуваат дека на местото на настанот пристигнале повеќе од 30  амбулантни возила.

Треба да знаете
Последни објави