Search

(Видео) Во центарот Рокфелер поставена елка висока 23,5 метри

Норвешка смрека висока 23,5 метри, купена како садница пред 60 години, е поставена во центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните божиќни празници.

Керол Шулц ја купила садницата во 1959 година и ја држела на масата. По божиќните празници таа го засадила дрвцето во нејзиниот двор и го гледала како расте, пренесува АП.

Шулц и нејзиниот придружник Ричард О’Донел во 2010 година отишле на веб-страницата на центарот Рокфелер и го пријавиле дрвото. Пред неколку месеци дознаа дека нивната смрека е избрана за најпознатата елка на светот.

Дрвото било натоварено на камион со помош на кран. Церемонијата на осветлување на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.

Ланската елка, исто така норвешка смрека, беше висок 23 метри и тежеше 17 тони.

Првата елка е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собирале пари и купиле елка висока шест метри, што потоа ја украсиле.

Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи тоа да стане традиција и го одржа првото официјално палење на светилките во 1933 година.

Треба да знаете
Последни објави