Search

(Видео) Во тропската бура во Јапонија загина едно лице, 49 повредени

Најмалку едно лице загина, а 49 се повредени откако тропска бура ја зафати јужна Јапонија, јавува Би-би-си.

Бурата Кроса се спушти во четвртокот во близина на Хирошима во јужна Јапонија и сега се движи кон север. Државните служби советуваа евакуација на 400.000 луѓе.

Беа откажани околу 800 летови, а дел од железничкиот сообраќај запре.

Еден 82-годишен маж во префектурата Хирошима загина вчера откако поради силните силни ветришта паднал во морето додека го врзувал чамецот.

Треба да знаете
Последни објави