Search

(Видео) Во Измир наместо повик за молитва од џамиите одекнала песната „Бела чао“

Турските власти отворија истрага откако во Измир бил хакиран системот за повикување на молитва кој се емитува пет пати во текот на денот, па од минарињата на неколку џамии била пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Непознати лица го саботирале и нелегално го хакирале системот кој повикува на молитва. Обвинителството во Измир отвори истрага во врска со овој инцидент.

 

https://youtu.be/4hfsX51G4-M

Треба да знаете
Последни објави