Search

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

 

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините. Официјалните лица стравуваат дека десетици луѓе се заробени под урнатините на деловните и трговските објекти.

Embedded video

Земјотресот што се случи на околу 60 километри од главниот град Манила, на длабочина од околу 40 километри, ги прекина воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај и предизвика оштетување на зградите и инфраструктурата, објави „Ројтерс“.

Покраината Пампанга е најтешко погодена од земјотресот. Осум лица загинаа, а околу 20 се повредени, потврди гувернерката Лилиа Пинеда.

Таа рече дека се претпоставува дека сè уште има луѓе заробени под урнатините на трговскиот центар. Медиумите претходно објавија дека се урнале неколку згради и дека меѓународниот аеродром ,,Кларк” е оштетен и затворен и дека многу летови биле откажани.

Филипините се наоѓаат на пацифичкиот „огнен прстен”, каде што има чести земјотреси и вулкански ерупции.

Треба да знаете
Последни објави