Search

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреси во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите успеале некои од  преживеаните да ги извадат од урнатините, објавија тамошните медиуми.

https://twitter.com/Felix88263234/status/1140668117607047174

Југозападната кинеска провинција Сечуан  ја погодија два земјотреси кои се случија едно по друга во период од половина час, а потресите се почувствуваа во  клучните градови во регионот, вклучително и во главниот град на провинцијата Ченгду.

Според Американскиот геолошки институт, по земјотресот со јачина од 5,9 степени, следел помал со јачина од  5.2, и двата на длабочина од десет километри и со епицентар во близина на округот Чанинг.

Треба да знаете
Последни објави