Search

(Видео) Во Бангладеш се преврте траект, најмалку 29 починати

Најмалку 29 патници загинаа во близина на Дака, откако се превртел траектот со кој патувале, соопштија официјални лица кои додадоа дека се очекува да се зголеми бројот жртви.

Два часа откако траектот се превртел во реката Буриганга, на површината биле пронајдени 15 тела, соопшти Управата за воден сообраќај.

Нуркачи на морнарицата, пожарникари и службите за цивилна заштита го лоцирале потопениот брод во коритото на реката. Уште 14 тела биле пронајдени во потонатиот брод под вода.

Траектот потонал откако утрово се судрил со друго пловило, поголем патнички траект, соопштија службите.

Спасувачки брод се упатил кон местото на несреќата, а потонатиот траект бил на длабочина од речиси шест метри.

Десет патници успеале да допливаат до брегот.

Аматерско видео покажува дека траектот бил удрен отстрана. Тој се превртел и потонал за помалку од 10 секунди.

Треба да знаете
Последни објави