Search

(Видео) Видел дека нешто ѕирка од снегот, го сопрел возот и тргнал во спасувачка акција

Жителите и туристите во Австрија не се единствените кои се носат со проблемите со големите наноси на снег кои го затрупаа тлото на алпската држава.

На видео кое го објавија вчера австриските железници, се гледа воз и двајца вработени во железниците кои спасуваат затрупана дивокоза. Машиновозачот го сопрел возот во близина на национален парк, кога забележал рогови во снегот. Возот се вратил кај несреќното животно и двајцата работници со лопати успеале да го спасат.

Треба да знаете
Последни објави