Search

(Видео) Вардар пред една година се закити со втората европска круна

На денешен ден пред една година, македонскиот регионалниот и европски ракометен првак Вардар ја освои втората европска круна. Во финалето на Ф4-турнирот во Келн, Вардар докажа дека чуда можат да се случуваат и го совлада фаворизираниот состав на унгарскиот Веспрем (27-24).

Вардар во Келн допатува како аутсајдер иако пред три сезони за првпат се искачи на победничкиот пиедестал, поради големите финансиски проблеми кои ги имаше во текот на сезоната. Но желбата за успех и докажување беше поголема од проблемите а тоа „црвено-црните“ го докажаа на паркетот.

Вардар е сеуште актуелен европски првак, бидејќи сезоната е прекината поради пандемијата со коронавирусот и завршниот турнир е закажана за на крајов од годинава (28-29 декември). Поради пандемијата вардар не доби шанса да ја брани титулата на паркетот, бидејќи ЕФХ одлучи админбистративно да ги одреди патниците на завршниот турнир во Келн, без да се играат елиминаторните мечеви од осминафиналето и четвртфиналето по завршувањето на лигашкиот дел од групите.

Треба да знаете
Последни објави