Search

(Видео) Варан гршеше како почетник

Рафаел Варан вечерва го одигра можеби и најслабиот меч во кариерата, а тоа значеше и елиминација на Реал Мадрид од Лигата на шампиони. Францускиот репрезентативец направи две катастрофални грешки карактеристични за почетник во најважната споредна работа на светот. Овие киксови не останаа не казнети од напаѓачите на Манчестер сити, кој победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Првата грешка Варан ја направи уште во 8 минута кога Габриел Жезус успеа да му ја пресече топката и да додаде за лесна реализација на Рахим Стерлинг и водство на Сити од 1:0.

Вториот кикс беше во средината на второто полувреме кога Варан на два пати неуспешно се обидуваше со глава да расчиси, но наместо тоа, му ја подари топката на Жезус, а Бразилецот погоди за 2:1.

Треба да знаете
Последни објави