Search

(Видео) Бугарски полицајци меѓу себе се испрскале со солзавец

Припадници на бугарската полиција во Софија во обид да ја преземат контролата над демонстрациите пред Парламентот сами меѓу себе се испрскале со солзавец.

https://youtu.be/WKjRpgqQbqU

Учесниците на протестот што се одржа вчера барале промена на Уставот и трансформација на земјата во „директна демократија“.

На видеото од протестот се гледа како еден од полицајците употребил солзавец, кој, поради ветерот, се вратил кон лицата на останатите полицајци. Тие биле принудени да се повлечат и да ги измијат очите за да го намалат ефектот на солзавецот.

Треба да знаете
Последни објави