Search

(Видео) „Бриџертон“ со рекордна гледаност на „Нетфликс“

Моќните алгоритми не можеа да се мерат со глобалниот феномен на поп-културата кога станува збор за „Бриџертон“. И како романса и како приказна за социјалното општество во Регенси ерата, не само што ги надмина првичните проекции на гледаност на „Нетфликс“, туку и ги порази.

Конечните бројки откриваат дека сезоната 1  ја следеле рекордни 82 милиони домаќинства ширум светот (делумно или во целост). Тоа е неверојатни 19 милиони домаќинства повеќе од четиринеделната проекција што „Нетфликс“ ја објави 10 дена по стартот на серијата (63 милиони), во тоа време петто најголемо лансирање во историјата на стримерот.

„Бриџертон“, чиј огромен бран на популарност не покажува знаци на стивнување, е најгледаната серија на „Нетфликс“ досега, и со голема разлика во споредба со останатите. Успеа да го избутка на место број 2 претходниот рекордер, сагата „Вештерот“ (The Witcher) со 76 милиони во првите 28 дена.

Првата сезон, базирана на првата од серијалот книги на Џулија Квин, „Војводата и јас“, се фокусира на комплицираната романса помеѓу најстарата ќерка на Бриџертонови, Дафне, која ја игра Фиби Диневор и војводата од Хестингс, Самон Басет, кој го игра Реги Жан Пејџ и кој веќе ја освои светската публика со улогата на Сајмон.

Најгледаната серија во дури 83 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Индија, Франција, се најде на безброј насловни страници за своите жешки секс сцени.

Втората сезона започнува со продукција на пролет во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави