Search

(Видео) Британски дипломат скокна во река и спаси девојка од давење

Еден британски дипломат е прогласен за херој откако скокна во река во Кина за да спаси студентка која се давeла.

Стивен Елисон (61) се шетал покрај река во саботата наутро, кога 24-годишно девојче се лизнало и паднало во длабока вода во неговата близина.

Видеа снимени од минувачи покажуваат како таа се бори со струја, тоне, а потоа повторно се појавува на површината. Во еден момент изгледа дека се онесвестила.

Елисон ги соблече чевлите и скокна во реката за да ја спаси. Тој го сврте лицето од водата за да може да дише и пливаше назад до стрмниот брег на реката.

„Таа беше во несвест, не дишеше и накратко се плашевме од најлошото. Но, кога се вративме на брегот, таа повторно почна да дише”, изјави Елисон за Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави