Search

(Видео) Брисел: Судири на полицијата и демонстрантите против Пактот за миграции

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа денеска околу седиштето на Европската Унија во Брисел да протестираат поради усвојувањето на Пактот за миграции на Обединетите нации.

Околу 5.000 лица се собраа на протестот, кој првично беше забранет од локалните власти поради страв од насилство. Високиот белгиски суд ја поништи забраната наведувајќи го правото на мирни протести. Полицијата во Брисел соопшти дека некои од демонстрантите станале насилни кога од нив било побарано да се разoтидат.

https://twitter.com/twitter/statuses/1074276554128195584

Белгиската влада претрпе реконструкција минаната недела бидејќи најголемата коалициона партија се спротивстави на одлуката на премиерот Шарл Мишел да го потпише Пактот за миграции, необврзувачки договор на ОН, чија цел е да се обезбеди организирана меѓународна миграција.

Протестот го организираше група на екстремно десничарски организации. Тој започна мирно, но потоа демонстрантите почнаа да ја гаѓаат полицијата со најразлични предмети и да ја уништуваат фасадата на Европската Унија, на што полицијата возвратила со солзавец и со водени топови.

Треба да знаете
Последни објави